ВО ЏОРЏИЈА И КУЧИЊАТА ИМААТ МОЖНОСТ ДА ПОЈАДУВААТ ВО РЕСТОРАН

Категорија: Новости On: Comment: 0 Посети: 826

Огромно браво за оваа американска држава. Со месеци активистите за права на животни, сопствениците и лобистите вложувале напори за да се усвои овој закон.  

Огромно браво за оваа американска држава. Со месеци активистите за права на животни, сопствениците и лобистите вложувале напори за да се усвои овој закон.  

Оваа дозвола се однесува на градините од рестораните каде е можно и кучињата да уживаат во специјалитетите под маса во своја чинија. Исто така задолжително е кучето да биде на поводник за да може без проблем да ужива во специјалитетите на ресторанот во сите делови од оваа сојузна држава. 

И претходно голем број ресторани ги примале кучињата во своите градини, но секогаш кршејќи го законот и плашејќи се од контрола на санитарната инспекција. 

„Никогаш не сме биле против кучињата во рестораните“– изјавил Крис Камник, директор на Секторот за заштита на животната средина при Управата за јавно здравје во Џорџија. 

Угостителите се задоволни бидејќи голем број сопственици и нивните кучиња шетале по улица и ја немале можноста да седнат во градината, да се одморат и јадат. 

„Сигурни сме дека по оваа одлука ќе имаме повеќе гости, а сопствениците на кучиња секако ќе бидат презадоволни што ќе можат да уживаат со своите кучиња“ – рекол еден готвач за Фох њус. 

Овој закон е усвоен и во Њујорк и Калифорнија. Како што е традиција во САД, и други држави тргнале по нивните стапки со одредени варијанти.

Comments

Leave your comment